Вака никој не бил пречекан
На скопскиот аеродром беа присутни околу 5.000 илјади љубители на кошарката од цела Македонија.Околу 100.000 граѓани ги чекаа нашите кошаркарски херои на плоштадот “Македонија“.
Откако слетаа на скопскиот аеродром “Александар Велики“ кошаркарските легенди со панорамскиот автобус крстосуваа низ главниот град..
Црвено-жолтата боја доминираше од илјадниците македонски знамиња кои ги вееја луѓе од најразлични возрасти. Возачите излегуваа од своите автомобили и ги поздравуваа кошаркарите, луѓе стоеја по тротарите и мафтаа,, млади и стари, дедовци и баби со своите внучиња во раце. Река од емоции, возбуда, гордост се слеваше накај центарот на Скопје.
Кошаркарите први ги поздравија младинските кошаркарски тимови од целата држава.
Потоа следеше можеби највеличенствениот момент од прославата, кога нашите јунаци минаа под триумфалната капија. Звукот на тапаните и зурлите со стопи со овациите од толпата. Конфети, подигнати раце, илјадници срца сплотени во едно.
Секој сакаше да ги допре, да им подаде рака, да се слика со нив. Не изостана ниту државниот врв. Претседателот Иванов, Премиерот Груевски со прегратка им заблагодарија на спортските херои за она што го направија за нацијата..
Радоста ескалираше кога Кошаркарите беа најавувани еден по еден на бината и никој од нив не можеше да ја сокрие возбудата од глетката на плоштадот.
Дванаесетмината и Докузовски добија пречек кој им ја избриша тагата поради недосонуваниот сон. Оваа кошаркарска приказна ќе се памети и ќе се прераскажува.
{loadposition content9}