Skip to main content

народна банка на северна македонија

Нова веб-апликација на Народната банка за полесно споредување на банкарските кредити и депозити

Сега корисниците ќе можат полесно да направат споредба за за услугите на банките и штедилниците, да се информираат и да споредат каматни стапки и другите услови под кои се нудат кредитите и депозитите во различни финансиски институции.
 |  инфодеск  | 

Народна банка на Република Северна Македонија издаде нова алатка која на корисниците ќе им овозможи на корисниците едноставно и лесно споредување на банкарските кредити и депозити.

Платформата е резултат на заложбите на Народната банка за поголема транспарентност во финансискиот сектор. Податоците се ажурираат директно од банките, кои се одговорни за нивната точност.

Со оваа апликација, Народната банка внесува нов, модерен и практичен начин за споредување на финансиските понуди, што ја зголемува транспарентноста и ја јакне финансиската писменост кај граѓаните, велат од Народната банка. Податоците се доставуваат директно од банките и штедилниците, кои се одговорни за нивната точност и редовно ажурирање.

Проектот е поддржан од Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ ДФ) и реализиран со финансиска помош од Европската Унија, со што дополнително се потврдува значењето на дигиталните алатки за зголемување на довербата во финансискиот систем.