Вечерва се чека Православната Нова година
Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечерва ќе ја пречекаат Православната Нова година која почнува утре на Василица.
Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечерва ќе ја пречекаат Православната Нова година која почнува утре на Василица.
Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден.
Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година. Во некои краеви на Македонија, прославата вечер се нарекува и сирово или сурово.
Постојат повеќе обичаи и верувања што се директно поврзани со започнувањето на Новата година. Тука во прв ред е прогнозирањето на среќата и напредокот на секој член од семејството како и на стоката и на земјоделските култури. Во загреана пепел или во нагорена црепна се ставаат зрна жито и во зависност од тоа колку ќе скокне зрното се гледа колку ќе има напредок во претстојната година. Исто така во црепна се ставаат жарје и се покриваат со вршник, а потоа се гледа тие што се изгорени со бела пепел ќе имаат напредок, а тие што се изгаснати, црни јаглења, ќе доживеат болест и несреќа. На Василица во некои места месат и погача или баница со пара, како што тоа во повеќе места се прави на Бадник, и со тоа се прогнозира кој член од семејството ќе биде најсреќен. Според некои верувања на Василица секој требало да облече нешто ново за да го износи во текот на годината.
{loadposition content9}