Skip to main content

Вечерва на полноќ започнува молкот за претседателските избори

И покрај молкот за претседателските избори, изборната кампања за парламентарните избори закажани за 8-ми мај нема да биде прекината.
 |  инфодеск  | 

Вечерва на полноќ почнува молкот за седмите претседателски избори што ќе се одржат во среда, 24-ти април. Молкот завршува на денот на гласањето во 19:00 часот.

Граѓаните ќе избираат нов Претседател од листа со седум кандидати, Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Македонија повторно твоја“, Стевчо Јакимовски – ГРОМ, Бујар Османи поддржан од Европскиот фронт, Билјана Ванковска поддржана од Левица, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Максим Димитриевски – Движење ЗНАМ.

За изборите за претседател во Избирачкиот список се запишани 1.814.317 избирачи. Во изводите од Избирачкиот список за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи, додека во странство во дипломатско – конзуларните претставништва или конзуларни канцеларии запишани се 2.569 избирачи.

И покрај молкот за претседателските избори, изборната кампања за парламентарните избори закажани за 8-ми мај нема да биде прекината.

Вториот круг од претседателските избори ќе се поклопи со парламентарните избори на 8-ми мај.