Skip to main content

Најмасовниот фестивал на пивото

Вечерва започнува Пиво фест

По пауза од 2 години вечерва започнува 18-то издание на најпознатиот и најмасовниот фестивал во Македонија, „Пиво Фест 2022“.
 |  инфодеск  | 
Пиво фест

Прилеп по 18-ти пат ќе биде домаќин на најмасовниот и најпопуларниот фестивал на пивото, скарата и убавата музика „Пиво фест 2022“. Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески посочи дека градот е максимално подготвен за најголемата забава во Македонија – Пиво фест 2022.

Очекуваме околу 20 до 30 илијади посетители на оваа, прва, фестивалска вечер, па затоа апелирам до сите посетители кои ќе го дојдат во Прилеп да го почитуваат јавниот ред и мир за да имаме убави и незаборавни фестивалски денови, а прилепчани ги замолувам за време на фестивалот поретко да ги користат своите возила заради одржување на поголема безбедност и непречено одвивање на сообраќајот, со оглед на тоа што просторот во центарот на градот овие неколку денови ќе биде затворен за сообрајќај. ЈКП се подготвени за одржување на хигиената и чистотата на градот, а паркинг службата е спремна за безбедно и на означени места, да ги упатува возилата кои доаѓаат од другите градови на Македонија. Годинашниот Пиво фест има хаманитарен белег. Имено, Советот на Општина Прилеп донесе одлука 30 денари од цената за паркинг просторот да оди во хуманитарни цели – посочи градоначалникот Јовчески.

Вечерва (четврток, 14 јули) програмата на главна сцена за Пиво фест 2022 започнува во 18 часот. Настапуваат: Елена Петреска, Балканика, Нино Величковски, Ален Хасановиќ, Наум Петрески, Љубојна, ДНК, Џамбо Агушев оркестрар, додека пак на алтернативната сцена ќе настапи DJ Mario Eddie.