Велигденска честитка од претседателот Иванов
Претседателот на државата Ѓорге Иванов со честитка до верниците на Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија, на Католичката црква и на Евангелско – методистичката црква по повод празникот Воскресение Христово – Велигден.
| Маја Савиќ | Македонија
Иванов
Претседателот на државата Ѓорге Иванов со честитка до верниците на Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија, на Католичката црква и на Евангелско – методистичката црква по повод празникот Воскресение Христово – Велигден.
“Ми претставува особено задоволство и чест на сите верници да им го честитам претстојниот христијански празник, празникот над сите празници Воскресението Христово – Велигден. Нека и овој Велигден биде патоказ дека сплотени во верата во Христа, под закрилата на светата црква, можеме да ги надминеме сите голготи и предизвици. Во ова време на постојан наплив од минливи вредности и краткотрајни задоволства, да не заборавиме да го следиме патот на светлината и да не се штедиме да се даруваме себеси на другите, да ја негуваме безусловната љубов кон нашите сограѓани и нашата татковина, вдахновени од примерот на Христа.“, напишал во велигденската честитката Иванов.

{loadposition content9}