Skip to main content

„Велофест“ – Прв фестивал за велосипеди од денеска до 30 април

Првиот фестивал за велосипеди „Велофест“ ќе биде отворен вечер во Младинскиот културен центар во Скопје, а покрај во главниот град до крајот на месецов ќе се одржува во уште десет општини.

 |  Маја Савиќ  | 
klip art
клип арт

Првиот фестивал за велосипеди „Велофест“ ќе биде отворен вечер во Младинскиот културен центар во Скопје, а покрај во главниот град до крајот на месецов ќе се одржува во уште десет општини.

– Фестивалот е посветен за промоција на велодипедизмот преку културата. Целта е низ фотографски изложби, филмови и дизајн на велосипеди да се подигне културата за секојдневно возење и за нивно користење како превозно средство, рече на прес-конференција Бојан Ранташа, координатор на „Велофест“.

tocak

Фестивалот вечер ќе биде отворен со две филмски проекции – документарниот филм „Кога водата тивко шумоли“ по идеја на Ѓоко Поповски-Гањо и во режија на Коле Ангеловски, кој првпат ќе биде прикажан по снимањето во 1979 година. Посветен е на велосипедската трка во поранешна СФРЈ. Вториот филм за отворање е премиерата на „Фиксен град“ на Кристиан Ансанд и Мартин Гилук од 2009 година, кој го претставува актуелниот велосипедски тренд во Берлин.

За отворањето е подготвена и изложба на триесетина избрани од 180 пристигнати фотографии, посветена на градскиот велосипедизам во 20 век. Ќе бидат претставени фотографии од 1907 година на Милтон Манаки до современи од архивите на весниците и од приватни збирки.

velosipediНа „Велофест“ ќе биде прикажан и филмот „Спортистот Лоетцш“, ќе бидат претставени и неколку уметници со дела посветени на велосипедизмот, а во секој град каде што ќе се одржува фестивалот ќе бидат избирани и најстар и најубав велосипед. Според организаторите, најстариот велосипед во Македонија датира од 1918 година, а во Скопје од 1920-тите години.

Во рамки на „Велофест“ ќе биде орджан и форум со претставници од Европската велосипедска федерација, од Град Скопје, Министерството за животна средина и од граѓански здруженија, кои ќе изнесат свои гледишта за решенија за минимални услови за користење на велосипедите, зашто на возачите на моторни возила се уште им недостига свест дека и велосипедистите се рамноправни учесници во сообраќајот и оти велосиперските патеки не се места за паркирање.

{loadposition content9}