Венизелос дециден, Атина сака географска одредница и „erga omnes“
Шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос потврди дека барањата на Атина се географска одреница и севкупна употреба на можното име, потврдувајќи ги изјавите на Нимиц дека следната рунда од разговорите за името ќе биде во Њујорк за време на Генералното собрание на ОН.

Говорејќи пред грчката парламентарна комисија за национална одбрана, Венизелос изјавил дека она што во моментов е важно е процесот на преговори да продолжи, додавајќи дека „грчката позиција ужива широк национален консензус и дека Атина сака сложено име со географска одредница што се однесува на географскиот поим, а не на политичкиот, и дека истото ќе се користи за севкупна употреба”.
Грчкиот шеф на дипломатијата се надева дека потенцирањето на грчките позиции и нивната анализа заедно со медијаторот Метју Нимиц ќе помогнат во преговорите меѓу двете страни, како и во понатамошниот тек од разговорите.
{loadposition content9}