Skip to main content

Венизелос доаѓа во Македонија

Грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос од следниот понеделник ќе замине во тридневна посета на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, јави дописникот на МИА од Атина.

evangelos venizelos
еванглеос венизелос

Грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос од следниот понеделник ќе замине во тридневна посета на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, јави дописникот на МИА од Атина.

Ова денеска го пишува грчкиот весник „Етнос“ нагласувајќи дека Венизелос во улога на претседавач со Советот на министри за надворешни работи на ЕУ ќе ги посети Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, „додека со посебен интерес се очекува неговата посета“ на Македонија.

evangelos venizelos– Ова е првпат Венизелос да го посети Скопје како министер за надворешни работи, и покрај европската перспектива на соседната земја, очигледно е дека разговорите во Македонија ќе бидат фокусирани и на горливото прашање за името кое е во неизвеснот, наведува „Етнос“.

И провладиниот „Катимерини“, пред неколку дена напиша коментар за претстојната посета на шефот на грчката диломатија на регионот, при што нагласи дека „тој брза да го убеди (Западниот) Балкан, оти и покрај економската криза изгледите за проширување се уште се живи, иако ова прашање не е меѓу приоритетите на грчкото претседателство“.

– Вратите остануваат отворени за сите. Тие, сепак, пред се, треба да ги исполнат неопходните критериуми. Не постои друг начин, заклучи „Катимерини“, најавувајќи дека Венизелос при посетата на земјите од регионот нема да каже ништо ново.

{loadposition content9}