Ви се јавија од банка ?!
Компаниите и граѓаните кои користат разни кредити од банките стануваат се пофрустрирани од агресивноста на call центрите на банките кои имаат задача да ги наплатат побарувањата од должниците.
Граѓаните реагираат на ова однесување на банките објаснувајќи дека ако задоцнат дури и еден ден со плаќањето на ратата од кредитот веднаш почнуваат да добиваат телефонски повици кои ги потсетуваат дека треба да го платат тоа што го должат кон банката.
За да стигнат до лицето кое користи кредит овие наплатувачи не бираат ни време ни начин како да го направат тоа. Телефонско “гонење“многу често оди дотаму што упорните наплатувачи се јавуваат и на разни членови на потесното и поширокото семејство, па дури и на пријателите, за да му пренесат на должникот дека доцни со плаќањето на ратата од кредитот.
Кај некои банки потсетувањето за наплатата на кредити оди исклучиво преку специјализирани центри, додека кај помалите банки контактите со должниците ги прават лица вработени во банката.
{loadposition content9}