Вицепремиерот Боцевски во работна посета на Чешка
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Ивица Боцевски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Чешка.
Ививца Боцевски
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Ивица Боцевски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Чешка.
Тој попладне во Прага ќе учествува на тркалезна маса на тема „Патот на Македонија кон интеграција во ЕУ“ и ќе има обраќање пред членовите на Чешкиот совет за надворешни односи. Предвидено е вицепремиерот вечер да се сретне и со претставници на македонската дијаспора во Чешка.
Во рамки на престојот во Чешка, Боцевски утре ќе оствари средба со вицепремиерот за евроинтеграции на Чешка, Александер Вондра, а ќе разговара и со заменикот-вицепремиер, шеф на Секторот за европски прашања и одговорен за содржината на подготовките за чешкото претседателство со Европската унија, Марек Мора.
Вицепремиерот Боцевски ќе се сретне и со чешкиот заменик-министер за надворешни работи Јан Кохут, како и со претседателот на Комитетот за надворешни работи на Долниот дом на Парламентот на Чешка, Јан Хамачек.
За време на средбите во Прага ќе стане збор за напредокот во исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ и европската перспектива на Република Македонија, а ќе биде презентиран и напредокот на земјата во исполнувањето на условите за либерализација на визниот режим. Чешка на 1 јануари ќе го преземе претседавањето со Европската унија.

{loadposition content9}