Вицепремиерот Џафери во посета на Бугарија
Вицепремиерот задолжен за имплементацијата на Рамковниот договор, Муса Џафери денеска ќе престојува во посета на Бугарија.
Вицепремиерот задолжен за имплементацијата на Рамковниот договор, Муса Џафери денеска ќе престојува во посета на Бугарија.
Џафери ќе има обраќање на конференцијата организирана од Атлантскиот клуб на Бугарија на тема: „Евро-атлантската ориентација на Косово“.
За време на престојот во Софија, вицепремиерот Џафери ќе се сретне со претседателот на Бугарија, Росен Плевнелиев, со вицепремиерот и министер за финансии, Симеон Дианков, како и со министерот за надворешни работи, Николај Младенов.
Џафери, исто така, ќе има средби и со директорот на Атлантскиот клуб на Бугарија, Соломон Паси и со поранешниот претседател на Бугарија, Петар Стојанов, се вели во соопштението на Секторот за односи со јавноста на Секретаријатот за Имплементацијата на Рамковниот договор.
{loadposition content9}