Skip to main content

Викендов цела Европа заеднички броеше пеликани

Веќе 11 години МЕД спроведува попис на популацијата во Преспа заедно со колегите од Езерани и НП Галичица.

 |   | 

Веќе 11 години МЕД спроведува попис на популацијата во Преспа заедно со колегите од Езерани и НП Галичица.

Од 2010 година МЕД спроведува Среднозимско пребројување на водни птици во Преспа, во рамки на еден од најопсежните и најдолготрајни мониторинг-активности во светот(International Waterbird Census).

Од 2019 година имаме воспоставено шеми за редовно следење на трендот на избрани популации водни птици: голема и мала бела чапја, црвена чапја, мал корморан, бел и кадроглав пеликан, црвеноглав кожувар, цуцулеста патка, црн кожувар, цуцулест нуркач и различни видови трскари. Добиените податоци првенствено ќе ги збогатат сознанијата за големината на гнездечките популации, а исто така ќе нè информираат и за влијанието на тековните закани.