Skip to main content

Временска прогноза

Викендов облачно со повремени врнежи од дожд

Во недела претпладне ќе има слаб локален дожд, а во следните денови ќе настапи стабилизирање на времето и пораст на дневните температури.
 |  инфодеск  | 
Охридско езеро

Времето утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни со над 20 литри на квадратен метар и проследени со ретки грмежи, особено во југозападните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 7 степени, а максималната од 3 до 11 степени Целзиусови.

Во недела претпладне ќе има слаб локален дожд, а потоа во следните денови ќе настапи стабилизирање на времето и пораст на дневните температури.