Skip to main content

Пад на температурите

Викендов снег на повисоките места

На планините над 1200 м.н.в во западните предели, ќе има и повремени врнежи од снег и се очекува формирање на снежна покривка.
 |  инфодеск  | 
Зима

До утре времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево, но сепак полека облачноста ќе се зголемува, утревечер и во текот на ноќта кон сабота, како и самиот ден и тоа особено во западните предели ќе има врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север ќе започне да дува засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Токму поради ова на планините над 1200 м.н.в во западните предели, ќе има и повремени врнежи од снег и се очекува формирање на снежна покривка. Според надморската височина превојот „Стража“ е прв и најблиску каде што се можни провејувања на снег, така што апелираме за значително поголемо внимание, велат од УХМР.

Снег

Од недела па натаму повторно следува период на претежно стабилно и суво време. Температурите до петок ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени, додека за време на викендот истите ќе бележат тенденција на значителен пад и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.