„Вклучи го мозокот, исклучи ја струјата“
Под мотото „Вклучи го мозокот, исклучи ја струјата“ Министерството за економија, АД Електрани на Македонија и Македонски електропреносен систем оператор АД МЕПСО почнаа заедничка кампања за штедење електрична енергија насловена како „Штеди струја“
| Маја Савиќ | Македонија
ЕЛЕМ
Целта на кампањата, што ќе се спроведува во наредните три месеци, е да го иницира подигнувањето на јавната свест за потребата од рационално однесување кон електричната енергија, како и поттикнувањето на широката јавност кон преземање конкретни акции за одговорно користење електричната енергија како дома, така и на работното место. Кампањата ги поддржува и обновливите извори на енергија, притоа промовирајќи ја идејата за заштита на животната средина.
Покрај видео, радио и печатените материјали кои ќе го поддржат имплементирањето на кампањата, ќе биде организиран и „Едукативен караван” во 13 градови низ Македонија. Ќе бидат посетени основни училишта, каде за учениците ќе се организираат интерактивни предавања, во времетраење од еден училишен час – 45 минути. На предавањата ќе бидат поделени и анкетни листови кои како алатка треба да помогнат да се дојде до сознание, колку учениците на оваа возраст размислуваат за овој проблем и дали во нивните домови се практикува штедењето на електрична енергија, односно аспектот на заштитата на животната средина.
Дополнително, караванот ќе биде збогатен со серија трибини низ општините на кои ќе се разговара за начините и можностите за штедење, а на нив ќе бидат присутни и локални експерти кои ќе го понудат своето мислење за ефикасно и рационално користење на електричната енергија. Ќе бидат поделени прирачници со конкретни примери за примената на енергетски ефикасни уреди во домаќинствата, и објавени стручни статии.
{loadposition content9}