Skip to main content

Конфедерација на слободни синдикати

Владата да им помогне на комуналните претпријатија

Од Конфедерацијата на слободни синдикати предлагаат јавниот сектор да работи два часа помалку, од 9 до 15 часот за да има поголеми заштеди на струја.
 |  инфодеск  | 
Струја

Од Конфедерацијата на слободни синдикати ја повикаа денеска Владата веднаш да најде начин да им помогне на јавните комунални претпријатија за да се справат со високите трошоци за електрична енергија. Ако тоа не се случи ќе бидат принудени да ги поскапат своите услуги и да отпуштаат вработени, предупредуваат од КСС.

Ако властите во најитен можен рок не изнајдат решение за субвенционирање на струјата во големите индустриски капацитети и пред се, во јавните комунални претпријатија како даватели на услуги на граѓаните, ќе се соочиме со зголемување на цените за комуналните услуги, но и со губење на работни места. Доведен ќе биде во прашање опстанокот на работникот во тешката зима што претстои, кажа на прес конференција претседателот на КСС, Благоја Ралповски.

Од Конфедерацијата на слободни синдикати предлагаат јавниот сектор да работи два часа помалку, од 9 до 15 часот за да има поголеми заштеди на струја.

Таа енергија што ќе се заштеди да се даде како помош на бизнисот и на јавните комунални претпријатија, со што ќе се направи една рационализација, посочуваат од синдикатот.