ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа уставниот амандман на СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека го прифаќа амандманот на СДСМ за измена на Уставот во врска со приватизацијата, оценувајќи го повторно како неприменлив и политички блеф.
| Maja Савиќ | Македонија
Груевски
ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека го прифаќа амандманот на СДСМ за измена на Уставот во врска со приватизацијата, оценувајќи го повторно како неприменлив и политички блеф.
– Никогаш не сме рекле дека не го прифаќаме предложениот уставен амандман. Но, уште еднаш потврдуваме дека се работи за обичен политички блеф и трик, поради тоа што според начелото за ретроактивност, оваа идеја на СДСМ нема да важи за предметите и приватизациите кои до овој момент се случија во Република Македонија. Ова го потврдија бројни правни експерти со кој се консултиравме, а дел од нив и во јавност го потврдија ваквиот став, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски.
ВМРО-ДПМНЕ, посочи Бичиклиски, го прифаќа предложениот уставен амандман „поради тоа што СДСМ сака оваа тема да ја користи исклучиво за ситни политички и партиски цели“.
– СДСМ сака оваа тема да ја користи за сопствено алиби и за сопствена амнестија и со овој потег докажа дека својот политички интерес го става на прво место и дека за нив интересите на граѓаните и државата воопшто не се приоритет, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
{loadposition content9}