Во Белград лишен од слобода Саит Саитов, кој прегази жена во Скопје и избега
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во Белград е приведен Саит Саитов, осомничениот за прегазување жена во Скопје.
– Вчера од страна на надлежните служби во Србија, известени сме дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското Министерство за внатрешни работи, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан што се случи во Скопје на 9 јануари, се наведува во соопштението.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор.
– Следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање, информираа од МВР.