Во британската амбасада се следеше крунисувањето на кралот Чарлс Трети
Британската амбасада во Скопје денеска ги пречека гостите во Британската резиденција на настан за заеднико проследување на Крунисувањето на нивните величества кралот Чарлс Трети и кралицата Камила, историски настан за Обединетото Кралство и Комонвелтот.
Крунисувањето на нивните величества кралот и кралицата се одржа во Вестминстерската опатија, Лондон, под раководство на надбискупот од Кентербери.
Британскиот амбасадор Метју Лосон им посака добредојде на владини функционери, британски државјани, млади, претставници на граѓанското општество и екологисти од Северна Македонија кои дојдоа да го гледаат крунисувањето кое го одразува модерното, разновидно, повеќеверско Обединетото Кралство и кое ги промовираше темите на младите, заедницата, различноста и одржливоста.
„Прославувајќи 30 години билатерални односи меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија оваа година, би сакале да им се заблагодариме на нашите блиски пријатели, партнери и сојузници во Северна Македонија за нивниот придонес во тековните силни односивоспоставени меѓу нашите земји.“ – велат од британската амбасада.