Skip to main content

Во Бугарија од денеска со задолжителен негативен ПЦР

На сите државјани на Македонија од денеска им е дозволен влез во Бугарија со приложување на валиден сертификат за вакцинација против ковид-19 или сертификат за прележана болест, заедно со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. За влез на малолетни лица од 12 до 18 години, исто така е задолжителен негативен ПЦР тест, информира Министерството за надворешни работи.

 |   | 
Омикрон вирус

Од МНР нагласуваат дека по интензивната комуникација меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји, надлежните институции на Бугарија, донесоа нова одлука за влез во Бугарија на нашите државјани.

Поради влошената епидемиолошка ситуација, Македонија продолжува да биде во т.н. црвена зона, но со најновата одлука се укинуваат ограничувањата за влез за неесенцијални потреби.