Skip to main content

Во наредните 5 дена студентите ќе можат да се пријават за субвенциониран оброк

Министерството за образование и наука (МОН) ги информира студентите дека рокот за аплицирање за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година трае од 1 до 5 февруари 2025 година.
 |  инфодеск  | 

Министерството за образование и наука (МОН) ги информира студентите дека рокот за аплицирање за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година трае од 1 до 5 февруари 2025 година.

Студентите кои ги исполнуваат критериумите, но досега не аплицирале, можат да поднесат електронска апликација преку порталот: e-uslugi.mon.gov.mk.

Во објавата на МОН се наведени сите услови и критериуми за стекнување со ова право, а за дополнителна поддршка при процесот на аплицирање, студентите можат да се обратат на subvencioniran.obrok@mon.gov.mk.

Дополнително, студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк и сметаат дека повторно ги исполнуваат условите, како и оние кои не аплицирале во претходните рокови, можат да поднесат нова апликација во истиот период.

Поради законската регулатива за засилена автентикација при бесконтактни плаќања на ПОС терминали, студентите ќе треба да внесат ПИН код за успешно реализирање на трансакциите. Од МОН додаваат дека доколку студентите го знаат или го чуваат својот ПИН код, нема потреба од негова реактивизација.