Во октомври земјава ја посетиле 66 908 туристи од кои најбројни биле гостите од Турција
Оваа година заклучно со месец октомври, во однос на истиот период од претходната, бројот на туристите е зголемен за 21.2 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0.1 %, а кај странските има зголемување за 38.6 %.
Во периодот јануари – октомври 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 9.8 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.1 %, а кај странските има зголемување за 23.5 %.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2023 година изнесува 94 165, од кои 28.9 % се домашни туристи, а 71.1 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во октомври 2023 година изнесува 187 272, од кои 36.7 % се од домашните туристи, а 63.3 % од странските туристи.
Во октомври најбројни во земјaва биле туристи од Турција, 19 658 или 23,6%, потоа според бројност следат гостите од Србија 4 480, Германија 4263 и Грција 3939. И понатаму најпосетуван е главниот град и езерските туристички дестинации.