Skip to main content

Институт за јавно здравје

Во првата недела од годинава удвоен бројот на заболени од грип

Во Македонија од 01 до 07.01.2024 се пријавени 1.025 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, што е за 2,5 пати повеќе во споредба со претходната недела.
 |  инфодеск  | 
Грип

Во текот на 1-ва недела од 2024 година (01-07.01.2024), во Македонија се пријавени 1.025 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, што е за 2,5 пати повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 1-ва недела од минатата сезона е зголемен за 24,8%, а во споредба со бројот за 1-ва недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 13 сезони) , зголемен е за 68,8% .

Во текот на 1-ва извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на Институтот за јавно здравје, пристигнале 37 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и КОВИД-19 (SARS-CoV-2).

„Притоа, детектиран е 21 позитивен случај на Influenza, 19 А(H1)pdm09 и по еден Influenza А(H3) и Influenza А – несубтипизиран. Регистриран е и по еден пациент со респираторен синцицијален вирус (RSV) и SARS-CoV-2. Пријавената инциденца за прв пат оваа сезона е над неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип (I=30,06/100.000), односно достигнат е прагот на влез во сезоната на грип.“ – информираат до ИЈЗ.

Во однос на возрасната дистрибуција, 544 лица се на возраст од 15-64 години, 233 кај деца на возраст од 5-14 години, 185 кај деца на возраст од 0-4 години и 63 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

Заболените се пријавени од 18 ЦЈЗ/ПЕ, во Скопје – 269, Дебар – 188, Гостивар – 114, Штип – 107, Битола – 104, а во останатите, бројот на пријавени е ≤100.

Во 8 извештајни единици кои пријавија случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска, во 6 сезонска ( Охрид), во три средна, а во една (Дебар) – висока активност на вирусот на грип.

Во текот на оваа недела, регистрирани се два смртни случаи асоциран со грип. Се работи за лица на возраст од 56 и 61 години од Скопје и Куманово кои биле хоспитализирано во УК за Пулмологија и алергологија. Кај починатите лица е утврдено присуство на коморбидитети (кардиоваскуларни и белодробни) и не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип. Кај починатите лица, лабораториски е потврдена Influenza А(H1)pdm09.