Skip to main content

МВР

Во сабота фотографирање без термин за лицата кои наполниле 18 години и немаат личен документ

Фотографирањето ќе се реализира во управните служби во сабота, 6-ти април во перод од 08:00 до 15:00 часот.
 |  инфодеск  | 
МВР

Министерството за внатрешни работи организира фотографирање за лични документи без закажан термин во подрачните канцеларии за управни работи низ државата за граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, ниту лична карта, ниту пасош.

Фотографирањето ќе се реализира во сабота, 6-ти април во перод од 08:00 до 15:00 часот.

– Ги повикуваме граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, да дојдат во сабота во подрачните канцеларии за управни работи низ државата, за да бидат фотографирани и навремено да им биде изработен личниот документ, со цел да можат да го остварат своето право на глас на претстојните избори, информираат од МВР.