Министерство за труд и социјална политика

Во тек е исплатата на септемвриските пензии

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од денес.
 |  инфодеск  | 
Пензионери

Министерството за труд и социјална политика известува дека на 29.09.2022 година (четврток) почнува етапната исплата на пензиите за септември, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.09.2022 година (четврток);

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.09.2022 година (петок);

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 03.10.2022 година (понеделник), и

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 04.10.2022 година (вторник).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 29 септември (четврток).

Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top