Skip to main content

мон

Во тек е пријавувањето за субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука потсетува дека од од 1 до 5 декември 2024 година е отворен рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година.
 |  инфодеск  | 

Министерството за образование и наука потсетува дека од од 1 до 5 декември 2024 година е отворен рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година.

За сите студенти кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, можат да поднесат апликација електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk.

Повеќе информаци заинтересираните студенти можат да видат на линкот.

МОН посочува дека сите студенти на кои претходно им било прекинато правото, а сметаат дека ги исполнуваат условите, може повторно да аплицираат. Овој рок е, исто така, отворен за студенти кои не аплицирале во претходните активни рокови.