Во земјава ќе се воведува зелена обврзница
Министерството за финансии воведува нови инструменти за развој на финансискиот пазар.. За прв пат во земјава се развива зелена обврзница, во вредност од 10 милиони евра Станува збордвегодишна обврзница со каматна стапка од 4,75%.
Лани, како нов финансиски инструмент беше воведена граѓанската обврзница, која ќе биде обновена во октомври годинава затоа што имало голем интерес, истакна министерот Бесими на 22 годишната конференција на Македонската берза во Охрид..
„Во однос на развој на финансискиот пазар ќе следат и други финансиски инструменти и институции кои ние сметам дека во главната цел да се вклучат покрај јавни средтсва и приватен сектор и проекти од јавен интерес и во приватниот сектор за поддршка на развојот на нашата економија, мислам дека клучно е равојот на финансиските пазари”, истакна Министерот за финансии Фатмир Бесими.
Анализите на македонската берза покажуваат намалување, односно овогодишниот промет е вратен на ниво пред 2018 година. До 22 септември годинава вкупниот берзански промет во земјава изнесува 57,7 милиони евра, што значи намалување во однос на истиот период лани од над 38%.
„Кои се причините за овој ресет, секако влијание на состојбите на берзата имаат повеќе и егзогени и ендогени фактори. Надворешните влијанија го влошуваат општото економско опкружување, целата 2023 година е обременета со сериозни предизвици и песимизам поради зголемување на инфлацијата и каматните стапки”, истакна Иван Штериев Главен извршен директор на Македонска берза АД Скопје
Според Бесими банките дале голема поддршка во насока на рзавој на финансискиот пазар и пристапот на малите и средните претпијатија до финансии.
Новинар Соња Рилковска