Skip to main content

Во земјава ракот на кожата забрзано се шири

Задолжително користење на креми за сончање, не само на одмор, туку во текот на целодневните активности особено за популација експонирана на надворешни активности и строго избегнување на солариумите. Ова се препораките на здравствените власти до граѓаните. Според стандардизиранта стапка смртност од меланом Македонија е на второ место во Европа.

 |  Маја Савиќ  | 
soncanje
сончање

na plaza„Научните студии покажуваат дека со користењето на солариумите  појавата на меланом во подоцнежната возраст се зголемува и тоа двојно“ вели Зорица Зафировиќ од Клиниката за дерматологија.

Со законот за јавно здравје за прв пат се регулира и прашањето за условите кои што треба да ги исполнат козметичките салони и солариумите и за првпат се поставуваат одредени стандарди и предуслови за тоа.

Според Министерот за здравство, даден е период од една година за подготвување, додека во меѓувреме се донесат соодветните  подзаконските акти во соработка со медицинските стручњаци кои ќе треба да ги подготват тие правила.

Македонија ги следи европските трендови за појава на малигниот меланом со прогресивен пораст од 3 до 7 проценти на годишно ниво. Меланомот се наоѓа меѓу десетте најчести малигни заболувања во Европската унија. Според стандардизиранта стапка смртност од меланом Македонија е на второ место во Европа.

„Главен ризик фактор за појава на малигниот меланом се ултравиолетовите зраци. Македонија географски се наоѓа на таква позиција на Европа со висок индекс на ултравиолетово зрачење, па од тука не треба да изненади зачестената појава на малигниот меланом меѓу нашите жители“ изјави Министерот за здравство, Бујар Османи.

solarium

По најавите за високи температури и до 40 степени, Министерството за здравство го подготвува населението за претстојното жешко лето. Граѓаните оваа недела ќе можат да прават бесплатни прегледи на кожата во повеќето приватни и јавни дерматолошки ординации.

„Ќе се овозможат бесплатни контроли или прегледи на пигментираните промени  на кожата со цел детектирање и давање можност за рано лекување, да се подобри прогнозата од оваа болест, а исто така е многу битно да се подигне свеста за опасноста од појавата на малигниот меланом“ додаде Османи.

Малигниот меланом спаѓа во групата малигни тумори на кожа.Тој е најинвазивен и најопасен карцином, кој брзо се шири – метастазира, тешко се лекува и најчесто завршува со смрт.

Постојат повеќе знаци што укажуваат на трансформација на бенката во малиген меланом. Најчесто тоа се менување на бојата, големината, обликот, површината, појава на чешање или воспаление и карактеристична локализација.

{loadposition content9}