Skip to main content

Основни училишта

Водичи за природна наука за одделенска настава

Со водичи за запознавање со природата во одделенска настава ќе се развива еколошката свест кај новите генерации. Од печат излегоа три прирачници во издание на издавачката куќа Чудна шума а поддрѓано од О2 Иницијатива. Книгите кои опфаќаат три екосистеми, животот низ шумата, низ барите и езерата и градско зеленило ќе бидат дистрибуирани низ училиштата во државава. Триплетот прирачници може да се користат како џебно издание во училница но и илустративно да се употребуваат на екскурзии и прошетки.Нивната примена ќе биде надополнета со квизови на онлјан платформа преку кои учениците ќе го проверуваат знаењето на забавен начин.
 |  инфодеск  | 
Водичи низ природата

Издаден комплет од три водичи за природна наука за одделенска настава. Поради недостатокот од литература на Македонски јазик за деца, а со цел да се постигне еколошка писменост која ќе води до развој на еколошка свест кај новите генерации се креираат дополнителни наставни помагала за запознавање со природата. Во таа насока изминатава година се работеше на создавање триплет од водичи низ природата. Поделени се во три екосистеми, како водичи за животот низ шумата, низ барите и езерата и градско зеленило, вели билогот Кирил Арсовски Пржо. Напоменува дека прирачниците се во коавторство со илустраторот Хари Дудевски чии цртежи креативно ја комплетираат замислата.

Во првиот дел ученикот се запознава со самиот екосистем со шумата, значењето, како функционира шумата, во вториот дел се запознава со билошката разновидност и типичните видови кои постојат таму, сите видови кои се спонуваат таму, одговараат на Македонската географија и билошката разновидност и во третиот дел насоки и предупредувања за тоа како човекот влијае врз екосистемите и како може да ги заштити.“, кажа Кирил Арсовски Пржо.

Прирачниците се направени во мал формат, прилагоден за детската рака, ставени во вид на пликоа за да може да се користи како комплет. Може да се користат во училница, но и да се користат како џебни изданија при ексукрзии и прошетки. Нивната примена ќе биде надополнета со квизови преку кои ќе се тестира стекнатото знаење.

Освен што се запознаваат со природна наука се запознаваат и со други одговорности како што е употребата на литература, книга, одговорно да се чува книгата, бидејќи овој сет е предвидено да биде дел од училницата или дел од библиотеката. Со цел да се помогне во наставата за да се спроведат овие водичи во наставата освен физичкиот дел ќе има и онлјан платформа во форма на квизови кои ќе се користат како тандем заедно со водичите, односно информациите кои треба да ги дадат учениците во тие квизови се дел од водичите.“, истакна Арсовски.

Водичите се испечатени во ограничен број примероци, но целта е овие изданија да се рашират ширум државата. Арсовски потенцира дека во соработка со организацијата „Пријатели на образованието“ во наредниот период вакви примероци ќе бидат дистрибуирани и до основни училишта во Охридско-струшкиот регион.Триплетот водичи за природа претставуваат некомерцијално издание поддржано од Иницијативата О2 во издаваштво на Чудна Шума од Скопје.