Skip to main content

Агенција за храна и ветеринарство

Вонредни контроли на АХВ – уништени месо, јајца, бои, мед, ракија и маслиново масло

Од АХВ ги охрабруваат граѓаните секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk.
 |  инфодеск  | 
Јајца

Официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведуваат вонредни засилени контроли пред велигденските празници. Во рамки на  спроведените 350 надзори на операторите со цел спречување на пласирање на небезбедна храна и нелегална трговија со јајца, бои за јајца, како небезбедни уништени се 1230 килограми различни видови производи, најмногу месо, преработки и подготовки од месо, но и јајца, бои, мед, ракија, маслиново масло и други призводи. 

Од агенцијата информираат дека на утврдените недоследности со вонредните контроли изречени се казни во висина од 3650 евра  во денарска противвредност и издадени се 22 решенија со наредби за нивно отстранување.

Апелираат да се внимава на декларациите на производите, нивното означување и рокот на употреба и температурниот режим на чување, особено на леснорасипливите, бидејќи во спротивно тие може да бидат небезбедни за граѓаните. 

Од АХВ ги охрабруваат граѓаните секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk.