Skip to main content

Предупредувачки штрајк

Вработените од УЈП ќе штрајкуваат секој ден од 10 до 12 часот

Најавуваат и генерален штрајк доколку надлежните не ги прифаќаат нивните барања за потпишување на колективниот договор за покачување на платите за 30 отсто.
 |  инфодеск  | 
ujp

Вработените од Управата за јавни приходи почнувајќи од денеска, секој ден ќе штрајкуваат од 10 до 12 часот, неизвршувајќи ги работните обврски. Најавуваат и генерален штрајк доколку надлежните не ги прифаќаат нивните барања за потпишување на колективниот договор за покачување на платите за 30 отсто.

Вработените на УЈП во вторникот излегоа на предупредувачки протест пред министерството за финансии, и побараа средба со министерот за финансии Фатмир Бесими, но добија одговор во соопштение дека се подготвува општ колективен договор и дека во овој период нема простор да се преговара за поединечни случаи.
Тие тврдат дека бил постигнат договор со министерството , но истиот сè уште не е потпишан од министерот Бесими.

Министерството за финансии, под чија надлежност е и УЈП, ги зголеми платите за 30 %, но само за вработените во министерството, што дополнително ги револтира вработените во управата.