Врело длабоко 190 метри
Нуркачите во пештерата Врело на Матка дојдоа денеска до импозантна длабочина од 190 метри, со што пештерата се вбројува меѓу најдлабоките во Европа.
Нуркачите во пештерата Врело на Матка дојдоа денеска до импозантна длабочина од 190 метри, со што пештерата се вбројува меѓу најдлабоките во Европа.
Италијанскиот спелеонуркач Луиѓи Касати наиде на платформа на длабочина од 190 метри во Врело, каде има нов отвор со неистражена длабочина.
Касати тука го запре нуркањето и се очекува тоа да продолжи во среда и во петок.
Подводната пештера Врело, која беше номинирана во изборот за едно од седумте природни светски чуда, досега е истражувана неколку пати. Пештерата до неодамна беше затрупана од карпите кои стојат над неа.
Најдлабоката подводна пештера во светот е Бушмановата Дупка во Јужна Африка со 282 метри.
{loadposition content9}