Skip to main content

УХМР

Временските услови поволни за земјоделството

Временските услови се поволни и за активности во градинарството, како и во тутунопризводството, нега на леите за производство на расад.
 |  инфодеск  | 
Земјоделска површина

Позитивните утрински температури и температурите во текот на денот од околу 18 – 20 степени, неделава ќе овозможат работа на отворено во овоштарниците и лозовите насади, меѓуредова обработка и заштита од болести и штетници, велат агрометеоролозите.

Временските услови се поволни и за активности во градинарството, како и во тутунопризводството, нега на леите за производство на расад.

Времето е поволно и за подготовка на површините за пролетна сеидба – истакнуваат од УХМР.

Според агрометеоролозите и утринските температури кои на некои места е можно да бидат под нулата, се во границите на издржливост на земјоделските култури и нема да предизвикаат измрзнување.