Врвна асеизмичка стабилност на објектите на „Адора“
Новите станбено-деловни објекти на Адора Инженеринг во Скопје, општина Аеродром, Ново Лисиче се со врвна асеизмичка стабилност и цврстина на бетон до 50 % повисока од пропишаните законски норми во Македонија.
Новите станбено-деловни објекти на Адора Инженеринг во Скопје, општина Аеродром, Ново Лисиче се со врвна асеизмичка стабилност и цврстина на бетон до 50 % повисока од пропишаните законски норми во Македонија, потврди експертската супер визија на реномираниот Институт за сеизмологија и земјотресно инженерство-ИЗИИС и сертифицираната лабораторија Евро-Консалтинг од Скопје.
Мерењата и лабораториските анализи на 73 бетонски коцки вградени во секој од елитните објекти што Адора Инженеринг ги гради на Г.П. 3.13 и Г.П. 3.16 во комплексот „Адора“ во општина Аеродром, Скопје, покажаа јачина на бетон до МБ 45, наместо проектираната МБ 30, а на темелната плоча и столбовите, цврстината на притисок е МБ 50 и МБ 60, или до 50 % поголема од проектираната. Според мислењето на супервизорите тоа е уште една потврда дека Адора Инженеринг објектите ги гради со највисока асеизмичка стабилност, според новите законски прописи и процедури во градежништвото во Македонија и современите европски стандарди.
Врвните резултати од испитувањата, за тимот на Адора Инженеринг се уште една потврда за реализација на приоритетните заложби и моралната одговорност на компанијата-лидер во високоградбата во Македонија, да овозможи безбедно домување на граѓаните со вградување современи, цврсти и поскапи материјали, како гаранција за долгорочно сигурно, квалитетно и економично домување во енергетски ефикасните објекти од високата А класа.
{loadposition content9}