Skip to main content

Линеарно зголемување на платите

Втор ден генерален штрајк во јавниот сектор

Вработените во јавниот сектор бараат линеарно зголемување на платите за 2.806 денари и враќање на правото за регрес на годишен одмор.
 |  инфодеск  | 
Штрајк јавен сектор

Генералнен штрајк на вработените во јавниот сектор втор ден по ред. Тие бараат линеарно зголемување на платите за 2.806 денари и враќање на правото за регрес на годишен одмор.

Денеска протестираме пред Владата да побараме поддршка од 21 министер за предлогот на ССМ за линеарно зголемување на платите за 2806 денари, но за жал не не пречекаа како за 1-ви мај. Тогаш кажаа дека за сите ќе има линеарно зголемување на платите со ребалансот на Буџетот, но денеска ги нема. Затоа јавно апелирам и кажувам работникот си дојде по ветеното, работникот си дојде по своето бидејќи ние немаме друг начин како да издржиме во оваа економска криза. Немаме друг начин како да ја издржиме инфалцијата. Затоа ја повикувам целата Влада на чело со премиерот да го решиме проблемот што поскоро, сакаат преку амандман во Собранието, сакаат со Општиот колективен договор во јавниот сектор – изјави претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Дарко Димовски.

Тој информираше дека се штрајкува низ цела држава и на сите работни места. Димовски најави дека утре ќе протестираат пред Министерството за финансии.

Штрајкот се одвива секој ден од 10 до 11 часот, така што вработените во јавниот сектор во тој период ќе го прекинат работниот процес и ќе излезат надвор, а само десет проценти од нив ќе работат онаму каде што е потребно за итни случаи.

Извор/РСЕ