Skip to main content

Втор ден како се трага по исчезнатиот рибар

Втор ден семејството Котески од Скопје, нивните роднини и пријатели, трагаат по падините околу езерото Козјак, а две екипи ги пребаруваат студените води на вештачката акумулација со надеж дека ќе го забележат педесет и едногодишниот Стеван Котески, кој последен пат е виден кога тргнал да рибари неколку часа пред големото невреме кое завчера го зафати скопскиот регион.

ribar
рибар

рибарСтеван Котески е висок 175 сантриметри, а има бела брада и мустаќи.
Во потрагата, велат неговите најблиски, се вклучила и екипа на полициските „Тигри“, но засега потрагата не дала резултат.

– Стеван повеќе од триесет години е страстен риболовец. Дваесетина години ги мина во рибарски чамец. Што се случило и каде исчезнал никој не знае – велат неговите најблиски.

Засега се знае само дека Котески завчера наутро тргнал на риболов на Козјак. Откако синот и другарот го барале на телефон. Последен пат се слушнале пред да тргне од браната. Откако увиделе дека го нема, повторно го барале на телефон, но бил недостапен.

Тргнале да го бараат, но само му го нашле чамецот кај колибата пред селото Гургурница насукан во гранки. Најблиските апелираат до граѓаните кои можеби имаат било каква информација за Стеван Котески да ја известат полицијата.

{loadposition content9}