Skip to main content

Втор ден од Министерскиот состанок на ОБСЕ во Атина

Во Атина денеска продолжува 17. Министерски состанок на ОБСЕ на кој учествува и шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски.

logo
лого
Во Атина денеска продолжува 17. Министерски состанок на ОБСЕ на кој учествува и шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски.

На маргините од состанокот министерот Милошоски ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Ерменија Едвард Налбандиан.

Antonio MiloshoskiМинистерот Милошоски вчера во Атина имаше билатерална средба со заменик министерот за надворешни работи Грција Димитрис Друцас, а потоа и со премиерот и министер за надворешни работи на земјата домаќин Грција, Јоргос Папндреу, кој беше придружуван од Друцас. Тема на разговорот бил спорот за името во контекст на евроинтеграцијата на Македонија и претстојниот самит на ЕУ. Како што информира по средбите министерот Милошоски, според она што му го пренеле Папандреу и Друцас, нема разлика во позициите на Грција во врска со аспирациите на Македонија за почеток на преговорите со ЕУ.
Во разговорите македонската страна покренала и две иницијативи за подигање на нивото на дипломатски односи меѓу двете земји со отворање на амбасади и за склучување на договор за избегнување на двојното оданочување за да се даде дополнителен импулс во билатералните односи, за што од грчка страна било најавено дека предлозите сериозно ќе бидат разгледани.

Милошоски вчера во Атина имаше билатерални средби и со своите колеги од Австрија, Литванија, Данска, Малта и Словенија, од кои побара поддршка за добивање датум за преговори на престојниот декемвриски самит на ЕУ. 
Состанокот на Министерскиот совет на ОБСЕ во Атина се смета за пресвртница во делувањето на организацијата. Се очекува да бидат утврдени приоритетите за делување во текот на следната година, а се планира и усвојување на повеќе значајни одлуки со кои ќе се подигне влијанието на ОБСЕ во решавањето на меѓународните спорови.
На предлог на Грција како претседавач со ОБСЕ и домаќин, на состанокот треба да биде усвоена политичка декларација, поврзана со т.н. „Крфски процес“, инициран на неформалниот министерски состанок на организацијата во јуни оваа година, со цел унапредување на дијалогот и соработката меѓу 56-те земји членки во насока на зацврстување на европските безбедносни структури и ефикасно справување со современите безбедносни предизвици.
Со овој состанок се заокружува претседавањето на Грција со ОБСЕ во 2009 година. Претседавањето од 1 јануари следната година го презема Казахсан.

{loadposition content9}