Skip to main content

Втор земјотрес во северозападна Грција, првиот почуствуван и во Охрид

Слаб земјотрес со интензитет од 3,4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во морскиот реон меѓу селата Урануполис и Амулијани на третиот крак на Халкидики во северна Грција.

zemjotres
земјотрес

Слаб земјотрес со интензитет од 3,4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во морскиот реон меѓу селата Урануполис и Амулијани на третиот крак на Халкидики во северна Грција.

zemjotresСпоред сеизмолошкиот центар на Универзитетот „Аристотел“ во Солун, на земјотресот му претходел послаб потрес од 3,1 степени.
Ова е втор земјотрес во северена Грција денеска, откако претходно околу три часот потрес со интензитет од четири степени според Рихтер го погоди реонот на Кожани. Епицентарот потресот бил на 17 километри југозападно од Кожани. Денешните земјотреси не предизвикаа човечки жртви и материјални штети.

Синоќа, пак околу 2.40 часот беше почуствуван земјотрес, чиј епицентар  според податоците од Европско- медитеранскиот сеизмолошки центар, бил во Грција со јачина од 4.4 според Рихтер , на 190 километри југоисточно од Тирана- Албанија и 22 километри од Кожани- грција.Земјотресот со помал интензитет беше почуствуван и во Охрид.

{loadposition content9}