Skip to main content

Втора фаза на децнетрализација да, но кога?

Поради блокираните сметки, 14 општини сеуште не можат да влезат во втората фаза од фискалната децентрализација. Градоначалниците се жалат дека не може да го планираат идниот развој на општините.

Aleksandar Petreski
Александар Петрески
Поради блокираните сметки, 14 општини сеуште не можат да влезат во втората фаза од фискалната децентрализација. Градоначалниците се жалат дека не може да го планираат идниот развој на општините.
Четиринаесет општини во земјава сеуште не можат да влезат во втората фаза од фискалната децентрализација. Причината лежи во блокираните сметки поради долгогодишните долгови на тие општини. Иако севкупно долговите на општините се намалени од 50 милиони на 12, некои општини се сеуште со врзани раце во однос на својот иден развој. Така барем ја опишуваат својата сегашна состојба во однос на финансиското осамостојување и посветеноста на сопствени проекти. Ним не им е дозволено да влезат во втората фаза од фискалната децентрализација.

OhridОпштина Охрид има блокирана сметка поради долгови наследени од минатото кога сеуште не бил започнат процесот на децентрализацијата на власта. Овие долгови се во најголем дел како што објаснува градоначалникот Александар Петровски направени за изградбата на колекторот за заштита на Охридското езеро и спортската сала или објекти во кои би требало да учествува и државата и со кои и денеска стопанисува или е сопшственик државата. Денеска оваа општина се чувствува оставена сама на себе во справувањето со оваа состојба.

„Ниту меѓународниот фактор кој учествуваше во поддршка на децентрализација, ниту државата не застанаа за решавање на овој проблем. Бевме оставени сами на себе и со судовите да се расправаме. Погрешно гледање на работите е одлуката општините кои се презадолжени да не може да влезат во втората фаза од фискалната децентрализација. Затоа што не е битно кој колку должи, битно е капацитетот на општината да се справува со тие финансиски проблеми. Во смисол што некоја општина може да должи десет илјади евра, а да не може да ги врати никогаш, а може да се должи и милиони евра, меѓутоа доколку има капацитет општината да го врати тоа не е никаков проблем,“
вели градоначалникот на Охрид, Александар Петровски.

Едно од можните решенија во кој гледаат излез е земањето кредит. Меѓутоа за какво и да подигање кредити од банките, тие мора да добијат одобрение од Министерството за финансии. Ова оптшините го доживуваат како уште едно суштинско ограничување и попречување на патот кон вистинската децентрализација.

„Ние сме единствен субјект во светот што не може да земе кредит. Значи, може да земат кредит приватните лица, државата, така што тие работи се оставени недефинирани, т.е. оставено е економските проблеми да ги решава политиката, што не е во ред.“

Меѓу 14 општини кои имаат блокирани сметки се наоѓаат и општините Кичево, Виница, Чучер Сандево, Делчево. Нивните долгови најчесто произлегуваат од извршени градежни работи, дел спрема ЕСМ или сегашната ЕВН и голем дел спрема експроприации направени пред или по осамостојувањето на земјава. Од тие причини каматните стапки коишто се судски изнесуваат 20%. Доколку би се задолжиле кон деловните банки, тие камати би биле значително пониски.

 

{loadposition content9}