Skip to main content

Втора лидерска средба

Лидерите на четирите најголеми партии, Груевски, Заев, Ахмети и Тачи, денеска ќе ја одржат втората средба, со цел изнаоѓање решение за излез од политичката криза.

liderska

Лидерите на четирите најголеми партии, Груевски, Заев, Ахмети и Тачи, денеска ќе ја одржат втората средба, со цел изнаоѓање решение за излез од политичката криза.

zaevИ овој пат се очекува, на лидерската средба како набљудувачи да присуствуваат, амбасадорите на САД и Европската Унија, Џес Бејли и Аиво Орав.

По завршувањето на првата лидерска средба, што се одржа во четвртокот, учесниците најавија дека е направен обид да се креира рамка за разговори за излез од политичката криза во земјава.

Немаше никаков конкретен заклучок од прва средба зад затворени врати на лидерите на четирите најголеми партии во Македонија, оценија премиерот Груевски и претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Лидерската средба помеѓу политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, водена со посредништво на меѓународната заедница, заврши само со заеднички став за поддршка на правото на мирен протест и осуда за насилствата, но дијалог за излез од политичката криза според Груевски и Заев засега нема.

gruevski-Усвоивме една декларација на ненасилно правење на протести или било какви собирања, исто така разговаравме и за други теми имаше различни идеи и предлози и на крајот договоривме да се видиме уште еднаш во понеделник. Тешко да се даде квалификација дали беше успешна или неуспешна оваа средба, рано е да се даваат квалификации, изјави Груевски.

Груевски соопшти дека засега нема план за нова промена во владиниот состав, ниту тој планира да си поднесе оставка. Доколку нешто има, јавноста ќе биде информирана, порача тој.

Заев пак, посочи дека ќе продолжи со објавување на политичките бомби и засега нема намера да се врати во Собранието. За протестот закажан за 17 мај, рече дека ќе биде мирен, мултиетнички и со многу обраќања, протест каков што досега според него не се случил во Македонија. Заев вели дека во моментов не е оптимист дека може да се постигне договор за излез од кризата.

-Денеска сме овде да ги упатиме нашите заложби за враќање на демократијата во Република Македонија вклучително и правото на протест. Ова денеска не беше политички дијалог, иако се обидовме да воспоставиме рамка дали би постоел политички дијалог и тоа ќе продолжи во понеделник. Разговаравме дали може да се воспостави рамка за преговори, не се воспостави денеска таа рамка. Во моментов не сум оптимист дека може да се постигне договор за излез од кризата, рече Заев.

Лидерите на ДУИ – Али Ахмети и на ДПА-Мендух Тачи по завршување на средбата не дадоа изјава. Нивните портпароли соопштија дека и двете партии ја поздравуваат денешната средба со присуство на меѓународната заедница.

Неофицијално, за време на средбата Ахмети побарал мини рекомпонирањe, без прецизирање на што точно мисли.