Skip to main content

Вук Јеремиќ во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ денеска ќе претстојува во еднодневна посета на Македонија.

Vuk Јeremic
Вук Јеремиќ
Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ денеска ќе претстојува во еднодневна посета на Македонија.

Јеремиќ ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, а ќе биде примен и од претседателот Бранко Црвенковски, од премиерот Никола Груевски и од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Vuk JeremicМилошоски и Јеремиќ, како што е најавено, ќе потпишат Протокол за соработка во областа на дипломатската едукација. Двајцата министри ќе ги разгледаат и можностите за отворање нови гранични премини меѓу Македонија и Србија.

Посетата на шефот на српската дипломатија се оценува како чекор кон целосно обновување на дипломатските односи меѓу двете држави, кои беа нарушени во октомври лани по одлуката на Македонија да ја признае независноста на Косово и протерувањето на тогашниот македонски амбасадор во Белград Александар Василевски.

За продолжувањето на добрите билатерални односи говори и именувањето на новиот амбасадор на Република Македонија во Србија, Љубиша Георгивски, кој се очекува да ја преземе должноста до крајот на овој месец.


{loadposition content9}