Визер нема да лета за Будимпешта од скопскиот аеродром

Унгарската нискобуџетна компанија Визер од 9 март ја укинува линијата од Скопје за Будимпешта. Компанијата нема официјално известување зошто ја укинува оваа линија.
Ова е седма линија што „Визер“ ја укинува од Скопје во последнaва една година. Во јануари годинава престана да лета за Салцбург и Бремен, а доцна есента 2024 година ги укина летовите до Келн, Копенхаген и Стокхолм-Скавста. За Луксембург беше укинат кон средината на јануари минатата година после само два месеца летање.
Министерството за транспорт кон крајот на декември 2023 објави нов јавен повик за воведување субвенционирани авионски линии од аеродромите во Скопје и Охрид од 1 јануари 2025 до 31 декември 2027. Апликациите ќе се разгледуваат и одобруваат според системот „прв дојден, прв услужен“ додека не се исцрпат средствата од 3,36 милиони евра што ги намени Владата за субвенциите.
Унгарската авио компанија држи околу 50 отсто од македонскиот авиосообраќај.