Државен завод за статистика
За 10% пораснаа цените на угостителските услуги
Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека само од ноември до декември цените се зголемиле за 0.5 проценти.
| инфодеск | Македонија
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во декември 2023 година, во споредба со ноември 2023 година, е зголемен за 0.5 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0.5 % и Алкохолни пијалаци за 1.4 %.
Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6.5 %.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2023 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 9.8 %, додека во однос на декември 2022 година, е зголемен за 4.3 %.