Министерство за здравство
За два дена над 10.000 граѓани се пријавиле за бесплатна вакцинација против сезонски грип
Oд министерството за здравство велат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход кај ризични групи.
| инфодеск | Македонија
За два дена над 10.000 граѓани се пријавиле за бесплатна вакцинација против сезонски грип на страницата vakcinacija.mk.
Со бесплатна вакцинација ќе бидат опфатени следните ризични групи:
– Стари лица (над 65 години)
– Лица со хронични заболувања
– Здравствени работници
– Бремени жени
– Децата на возраст од 6 месеци до 5 години
– Лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за социјална заштита на стари лица
Oд министерството за здравство велат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи.