За една година угостителските услуги поскапеле за 5%
Од Државниот завод за статистика информираа дека цените на угостителските услуги во јули 2025 година се зголемени за 0.5 % во однос на претходниот месец јуни.
| инфодеск | Македонија
Цените на угостителските услуги во јули се зголемени за 5% во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Гледано по групи, цените во угостителството во однос на јуни се зголемени за 0,4 проценти кај храната, 1,6 проценти кај алкохолните пијалоци, 0,9 проценти кај безалкохолните пијалоци и за 0,2 проценти кај ноќевањата.
Од Државниот завод за статистика информираа дека цените на угостителските услуги во јули 2025 година се зголемени за 0.5 % во однос на претходниот месец јуни. Во периодот јануари – јули во однос на истиот период лани се бележи зголемување за 5,3 проценти, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 1,6 проценти.