За избор на пратеници ќе се гласа на 8-ми мај во среда, а политичката кампања ќе започне на 18-ти април
Изборната кампања за парламентраните избори закажани за 8 мај годинава, започнува на 18 април на полноќ и ќе трае до 24:00 часот на 06 мај, според Роковникот за извршување на изборните дејствија кој го донесе и објави Државната изборна комисија.
Медиумите и електронските медиуми (интернет порталите), доколку обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања, имаат три дена од денот на распишување на изборите, да се регистрираат во ДИК.
Јавниот увид во Избирачкиот список започнува 28 февруари, а ќе трае до 18 март во 24:00 часот, до кога ќе можат да се поднесуваат и барањата за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список.
Собирањето потписи за листа на кандидат за пратеници започнува на 23 февруари и трае до 8 март до 24:00 часот.
Учесниците на изборите, листите со кандидат/и за пратеници трреба да ги достават до ДИК најдоцна на 02 април, до 24:00 часот – 35 дена пред денот на одржување на изборите.
Жрепката за утврдување на единствена листа на кандидат/и за пратеници ДИК ќе ја одржи најдоцна на 13 април. ДИК единствена листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Републиката ќе ја објави наредниот ден на 14ти април, а 4 дена подоцна започнува политичката кампања на учесниците во изборите.
Претседателот на Собранието, Јован Митрески вчера ги распиша изборите за претседател на Република Северна Македонија и за пратеници во законодавниот дом, што ќе се одржат на 24 април и на 8 мај.