За Оскарот што го освои “Ранго“ заслужни и македонски аниматори
Најдобриот анимиран филм за изминатата година е “Ранго“, а она што е интересно е дека за истиот да го добие вчерашниот “Оскар“ беа заслужни и македонските аниматори од студиото за анимација и визуелни ефенти “Фx3x“.

“Ранго“ е првиот анимиран филм на режисерот на “Пиратите од Карибите“ Гор Вербински, а гласот за камелеонот Ранго, го позајми актерот Џони Деп. Во оваа категорија беа номинирани и “Мачка во Париз“, “Чико и Рита“, “Кунг Фу Панда 2“ и “Мачорот во чизми“.
Инаку неодамна, македонската компанија за визуелни ефекти и анимација “Фx3x“ беше избрана како пример за успешно претприемаштво за 2011 година, во конкуренција од над 100 компании.