АМСМ
Забрана за тешки товарни возила преку Стража
Поради обилни врнежи од снег на патниот правец Гостивар – Кичево, преку планинскиот превој Стража воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
| инфодеск | Македонија
![](/wp-content/themes/yootheme/cache/e2/makedonija_2020_januari_straza-e2f29a45.jpeg?x28309)
Од утрово воведенa забрана за тешки товарни возила преку Стража, соопшти АМСМ.
Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известуваат дека поради обилни врнежи од снег на патниот правец Гостивар – Кичево, преку планинскиот превој Стража, од 08.30 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила.