Skip to main content

Забрана за увоз на свињи

Македонија од денеска ќе го забрани увозот на живи свињи од сите земји и ќе ги зголеми контролите на ветеринарните гранични инспекции за да ја спречи евентуалната појава на свинскиот грип.

prase
прасе
Македонија од денеска ќе го забрани увозот на живи свињи од сите земји и ќе ги зголеми контролите на ветеринарните гранични инспекции за да ја спречи евентуалната појава на свинскиот грип.

Ова вчера на прес конференција го најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ацо Спасеноски.

svinji„Постојано ја следиме ситуацијата и контактираме со Светската ветеринарна организација. Доколку Европската комисија донесе какви било мерки за заштита од свинскиот грип, ќе ги следиме препораките“, рече Спасеноски.

Според надлежните служби, вирусот на свински грип може да се пренесе само преку живи свињи или луѓе.

Во Македонија досега не е регистриран случај на свински грип.

 


{loadposition content9}